Малото пацификчко кралство Тонга го потврди првиот случја на зараза со новиот коронавирус речиси две години по избувнувањето на пандемијата, објави во петокот премиерот Похива Ѕу’и’онетоа.
Островот, кој се наоѓа на околу 2.300 километри северно од Нов Зеланд, го затвори своите граници по прогласувањето на пандемијата на досега немаше забележан ниеден случај на Covid-19.
Меѓутоа, патник од лет за рептатрирање од Крајстчрч на Јужниот остров на Нов Зеланд е позитивен, изјави Ту’и’онетоа на прес-конференцијата. Овој патник, заедно со уште 214 други, е изолрина и се наоѓа во карантин од нивното враќање во Того во средата, додаде.
На летот биле сезонски работници и некои функционери од олимпискиот комитет на Того кои заглавила на Нов Зеланд по враќањето од Олимписките игри во Токио во август, јавуваат локалните медиуми. Речиси два месеца нив не им бил дозвоелн влез на Тонга откако беа откриени случаи на Covid-19 на Нов Зеланд,
Премиерот Ту’и’онетоа ги повика во петокот жителтие на Тонга да се подготват за можни ограничувања и да се вакцинираат. Тонга со првата доза од вакцините вакцинирала 48 отсто од населението коешто ги исполнува условите за вакцинирање, а 31 отсто се целосно имунизирани против Covid-19.
Здравствените власти на Нов Зеланд во четвртокот потврдија два случаи на коронаинфекци во Крајстчрч, што се први зарази во овој град по една година. Уште два случаи се потврдени во петокот, но во градот нема да се воведуваат ограничувања, бидејќи здравствените влсти наведоа дека епидемијата е „зауздана“.
Министерството за здравство на Нов Зеланд соопшти дека го истражува случајот на Тонга, и додава дека патникот имал негативен наод пред заминувањето од Нов Зеланд.