Тони Јаревски го испоти градоначалникот Богоев

Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош и советник во општината, на седница на Совет, алармираше дека криминалот на територијата на оваа локална влас е во пораст.

Воедно, упати јавно прашање до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, зошто не се одвојуваат повеќе ресурси за потребите на полициската станица „Карпош“ и посочи дека во услови кога се случува зголемен криминал во општината, се наметнуваат дополнителни оптоварувања со ризици, како Центарот за зависности, Прифатен центар за странци во Визбегово и одлука на владата за Центарот за мигранти кој се најавува дека ќе се гради во Карпош.

„Му се заблагодарам на министерот за неговото присуство, бидејќи за жал неговото присуство денеска тука е повеќе од потребно. Имаме ситуација во која што имаме континуитет на криминогените дејствија. Јавниот ред и мир во општината се многу далеку од очекуваното ниво. Согласно извештајот на полицијата, изминатта година имаше 1647 кривични дела. 1300 од нив се тешки дела, убиства, разбојништва, тешки кривични дела. Taa e недозволива ситуација. Алармиравме и за лошите услови во полициската станица „Карпош“. Ситуацијата не е подобрена. Полициската станицата се соочува со тешки проблеми и во однос на човечки потреби, но и нивната психофизичка сосотојба да се соочат со криминалот е доведена во прашање. Зошто не се одвојуваат повеќе ресурси, а тоа е надлежност на МВР? И во услови кога се случува зголемен криминал во општината, имаме дополнителни оптоварувања со ризици. Имаме Центар за зависноти со дрога во Визбегово, Пифатен центар за странци и одлука на влада за Центарот за мигранти. Дали тој Центар владата решава по секоја цена да го гради во Карпош на неколку километри од центарот на Скопје? Доколу ние имаме проблем да ја намалиме стапката на криминал, дали мислите дека ние ќе имаме капацитет да се справиме со таков Центар кој што многу поголеми држави и капацитети имат сериозен проблем?- реагираше Јаревски.