Репрезентативецот на Германија и стандарден првотимец во дресот на се уште актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн Минхен, Тони Крос, ќе биде првата милионска аквизиција на новиот менаџер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал.
Англиските медиуми пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека двата клуба постигнале договор околу трансферот на одличниот играч за врска кој ќе се пресели на „Олд Трафорд” откако челниците на Јунајтед ќе го исплатат побараното обештетување од 20 милиони фунти.
Поранешниот фудбалер на Баер од Леверкузен пред неколку дена ја одби и последната понуда за продолжување на соработката за уште неколку сезони.
За да не останат со празни раце, Крос на крајот од следната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, челниците на Баерн Минхен седнаа на преговарачката маса и ја прифатија понудата на англискиот клуб од 20 милиони фунти.
Откако ги осигура услугите на Крос, Ван Гал своето внимание го насочи кон својот сонародник од редовите на Баерн Минхен, Ариен Робен кој е проценет на 30 милиони евра.