Топката е кај Заев, ние чекаме

Грчката влада очекува од господинот Заев да го направи решавачкиот чекор кон постигнување на договор за името, топката е на нивниот терен, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.
Во интервју за грчката телевизија „Контра“, Ѕанакопулос рече дека не може да предвиди кога премиерите на Грција и на Македонија Алексис Ципрас и Зоран Заев ќе имаат телефонски разговор и истакна дека “ништо не е договорено се додека не се постигне договор за сите прашања “.

Она што го очекуваме е политичкото раководство на поранешната југословенска Република Македонија да го направи решителниот чекор за конечно да отидеме напред кон заемно прифатливо решение, кон кое чини дека се стремат и двете земји. Господинот Заев ќе треба да заврши со неопходните политички активности во внатрешноста на неговата земја и тоа е она што го очекуваме, вели Ѕанакопулос во интервјуто.

Од опозициската „Нова Демократија“ опстојуваат на ставот дека не го признаваат македонскиот идентитет.

Постои конфузија, проблеми и тоа е очигледно во изјавите на владините претставници. Постои “магла”, не знаеме каде одиме. Не сум оптимист за решение со Скопје. Нова Демократија сака единствено, глобално, трајно решение со ерга омнес. Не го признаваме македонскиот идентитет, изјави Костис Хацидакис, Нова демократија