Топло со умерена облачност, попладне локална нестабилност

Во Македонија во понеделникот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 7.

Утринските температури се движат во опсегот од 11 до 20, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат меѓу 28 и 36 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне до 36 степени.