Топлотниот бран во Шпанија го надмина рекордот

Топлотниот удар кој својот врв во Шпанија го достигна во текот на изминатиот викенд, надминал неколку рекорди, кога е забележана температура од 43,4 Целиусови степени во каталонскиот град Лерида.

Рубен дел Кампо, портпарол на шпанската метеоролошка агенија АЕМЕТ, изјави за шпанската новинска агенција Europa press во понеделникот дека рекордни темератури се регастрирани во шест дриг градови.

Најтопло било во Лерида во саботата. Највисоката темпера во овј град била измерена на 7-ми јули 2015 година и изнесувала 41,2 Целзиусови степени.

Дел Кампо додал дека предупредувањето за топлотниот бран повеќе не е на сила во Шпанија, но предупредил дека следните денови дневните и ноќните температури ќе бидат повисоки од просекот.