Експертите проценуваат дека повеќе од 47.000 луѓе починале како резултат на високите температури во Европа во текот на минатата 2023 година, најжешката година досега откако се вршат таквите мерења.
Споменатата бројката е наведена во студијата направена според методот на моделирање објавена во понеделникот во научното списание Natural Medicine.
Меѓутоа, меѓународната истражувачка група предводена од Институтот за глобално здравје во Барселона, исто така, заклучила дека општеството се прилагодило на високите температури.
Тимот користеше податоци на Eurostat за 96 милиони смртни случаи за да процени колку од нив биле поврзани со горештините во 2023 година во 823 региони од 35 европски земји.
Според проценките, минатата година 47.690 смртни случаи во Европа се поврзани со високите температури. Ова е втора највисока стапка на смртност од почетокот на ваквите мерења во 2015 година, а највисоката стапка е забележана во 2022 година.
Истражувачите откриле дека земјите во јужна Европа имаат највисока стапка на смртност поврзана со горештините. Грција (393 смртни случаи на милион жители), Бугарија (229), Италија (209) и Шпанија (175) ги зазедоа првите четири места во проценката. За споредба, стапката во Германија била 76 смртни случаи на милион жители во 2023 година.
Во конкретни бројки, истражувачката група проценува дека во 2023 година бројот на смртни случаи поврзани со топлина во Италија бил нешто помалку од 12.750, а во Германија 6.376 во речиси сите испитувани земји, значително повеќе жени умреле од ефектите на топлината отколку мажи Постарите луѓе беа особено погодени.