Топол културен бран во Велес

Веќе традиционалната летна културна манифестација во земјава насловена Топол културен бран, што се одржува под покровителство на Министерството за култура во соработка со општините, вечерва стартува во Велес.

Манифестацијата Топол културен бран започнува вечерва со настап на оркестарот на Пеце Атанасовски во придружба на женска пејачка група на сцената на амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес. Оркестарот е составен од традиционални музички инструменти: гајда, кавал, тапани и други инструменти и продуцира етно обработки на македонската народна музика.

Веднаш потоа околу 22 часот како што велат организаторите од Општина Велес, велешани ќе имаат ретка можност да уживаат во балканска музика во изведба на ансамблот „Аксак“ од Република Франција.

– Станува збор за петнаесет музичари од различни делови на Франција кои се на патување по Балканските земји. Ја истражуваат и ја презентираат музиката на балканските народи, информираше Мартин Мајсторов, портпарол на Општина Велес.

МИА