Првата пратеничка која и се спротистави на одлуката на Зоран Заев и на опозицијата за бојкот на Парламентот, Роза Топузова Каревска, а чија одлука за враќање во Собранието потоа ја следеа уште три пратенички, вели дека единствен нејзин приоритет во ситуацијата е да биде глас на опозицијата и целата своја енергија ја посветува кон професионалниот ангажман како Пратеник на граѓаните кои и го дале мандатот. За својата одлука не жали и смета дека е исправна.
-Во ова констелација кога Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ имаат 62 пратеника, кога заедно со ДУИ имаат двотретинско мнозинство, само политички аналфабет може да каже дека ние сме и потребни на власта. Свесна сум дека моето делување во Парламентот не може многу да промени, особено кога се во прашање суштински прашања за државата, но функцијата, пратеник, дава многу можности за институционално делување. Задоволна сум зошто неколку граѓани, кои не можат или не сакаат да се обратат до пратениците од мнозинството, ми се обратија за да им помогнам во решавање на проблемот со кој се соочени, вели Роза Топузова Каревска во интервјуто за Прес24.
Таа смета дека опозицијата има погрешна политичка платформа и тоа главната причина што ВМРО-ДПМНЕ е на власт и по осум години. На своја кожа го почувствува, токму она против кое опозицијата наводно се бори, а во суштина го спроведува како иста политика на власта. Хајките против нејзе и нејзиното семејство, се само дел од она со кое се соочи по одлуката да не го прифати бојкотот.
– Не може опозицијата да очекува дека ќе победи служејќи се со истите методи, кои ги критикува кај власта, ако велиме дека популизмот е одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, не смее тој популизам да се замени со друг, ако Груевски владее автократски, тогаш опозицијата мора да понуди демократија, но пред се преку примери во своето однесување. Во концептот, и делувањето на опозицијата народот мора да препознае излез од безнадежноста, вели Топузова-Каревска за Прес24.
Таа во интервјуто зборува и за функционирањето на засега четирите пратенички кои по ист принцип ги прифатија мандатите, но вели дека приоритет не е формирање пратеничка група. Најавува дека дел од амандманите за уставни измени ќе ги поддржи, дел се против нејзините политички убедувања, а за дел ќе ја чека и експертската анализа.
Целото интервју прочитајте го тука