Фернандо Торес го постигна својот прв гол во дресот на Милан, но сепак неговиот тим не успеа да победи против Емполи.
Фудбалерите на Милан одиграа нерешено 2:2 против Емполи, а по само дваесетина минути игра „росонерите“ губеа со 2:0.
Тонели во 13-та минута донесе предност на Емполи, а осум минути подоцна Пучарели зголеми на 2:0.
Сепак, тимот на Филипо Инзаги до крајот на мечот успеа да постигна два гола и да го избегне поразот. Најнапред Фернандо Торес со неговиот прв гол во дресот на италијанскиот тим во 43-тата минута намали на 2:1, а конечниот резултат го постави Кеисуке Хонда во 58-та минута.