Помладиот од браќата Хазард, Торган се надева дека Борусија Менхенгладбах и Челзи ќе се сретнат во групната фаза од престојната сезона во Лигата на шампионите, за да може да докаже кој од нив двајца е подобар.
Еден (24), беше крунисан за “Играч на годината” во Премиер лигата откако со Челзи успеа да ја освои истата, како и Лига купот.
Торган во меѓувреме премина од “сините” во Менхенгладбах за 8 милиони евра, откако мината сезона беше позајмен на овој клуб и импресионираше со своите игри.
Третото место во Бундеслигата значи и пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а најголема желба на Торган е дуел токму со неговиот брат.
“Мојата желба е Челзи да биде помеѓу противниците на Менхенгладбах во ЛШ. Никогаш не сум играл против мојот брат во дуел од натпреварувачки карактер, тоа ќе биде многу убав момент за целата фамилија”, изјави Торган за Bild.
22-годишниот играч за врска се пошегувал: “Тоа би било шанса да видиме кој е подобриот Хазард!”