Тортевски: Не е нормално што Фрчкоска се обраќа кај премиерот

Адвокатот Александар Тортевски на Твитер напиша дека не е нормално што кај премиерот Зоран Заев се обраќа бранителката на Катица Јанева, сопругата на Љубомир Фрчкоски.

Нормално е што Катица преку бранителката бара да и се олесни положбата. Не е нормално што за тоа се обраќаат кај премиерот. Уште по ненормално е што тој прифаќа да разговара за тоа – пишува екс советникот на СЈО Александар Тортевски.

Јавноста за ова разбра кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски изјави дека премиерот Заев на лидерската средба рекол дека Катица Јанева за десетина дена од Шутка ќе оди во домашен пртивор.

Премиерот Заев излезе со демант во кој што одговори дека оваа информација ја добил од бранителката на Јанева.

За потоа Милошевски повторно преку јавноста да му постави прашање на премиерот од каде потреба тој да се гледа со бранителката на притворената специјална обвинителка.