Тоше денеска ќе наполнеше 44 години, по тој повод се огласи неговата сестра Дора Проеска

оше Проески беше еден од најпопуларните и најталентираните пејачи на нашите простори, а животот го загуби на 26-годишна возраст во страшна несреќа на автопатот Брегана – Липовац на 16 октомври 2007 година.

Тоше денеска ќе наполнеше 44 години, а по тој повод се огласи и сестрата на Тоше Проески, Дора Проеска, која покажа дека болката од загубата сè уште не поминува.

Дора сподели фотографија од роденденска торта со ангелски крилја и крст, а во позадина се гледаат фотографиите на Тоше.

Имено, Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопат во Хрватска, а филмот за неговиот живот наскоро ќе почне да се снима на неколку локации во Македонија.