Тошковски на средба со членовите на ДИК

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во денеска се сретна со претседателот и членовите на Државната изборна комисија (ДИК).

Како што се наведува во инфоамрцијата од МВР, на средбата Тошковски ја изразил својата отвореност за соработка со ДИК и посочи дека раководството на министерство за внатрешни работи е едногласно дека целосниот капацитет на Министерството ќе биде ставен на располагање на комисијата со цел преземање на сите мерки и активности што се однесуваат на организирање и спроведување на изборниот процес, а се од делокругот на работа на МВР согласно позитивните законски прописи.

Од страна на претседателот и членовите на ДИК беше изразена благодарност за посетата на министерот и беа презентирани определени технички барања и сугестии за забрзување и подобрување на активностите кои треба да овозможат ефективен избирачки процес.

Министерот Тошковски и членовите на ДИК, како што се посочува, се согласија дека двете институции во претстојниот период ќе имаат високо ниво на соработка и ќе бидат гарант за организирање на фер и демократски избори.