Тошковски од Крањ: Остануваме посветени во борба против криумчарењето мигранти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој веќе втор ден присуствува на министерската конференција на Брдо процесот кој се одржува во Крањ, Република Словенија, денес имаше свое обраќање поврзано со нашата улога во борбата со илегалната миграција и криумчарењето мигранти.

„Нашата држава на систематски начин се вклучува во процесот на изнаоѓање одговор во рамки на европскиот глобален пристап за справување со регуларни и ирегуларни миграции при што остануваме посветени на заедничката соработка во борба против криумчарењето мигранти.“, истакна министерот Тошковски во своето обраќање.

На маргините на конференцијата, министерот Тошковски оствари билатерална средба со словенечкоот министер за внатрешни работи Боштан Поклукар на која се разговараше за неколку толку од заеднички интерес на нашите две држави.

„Од министерот Поклукар побарав да продолжи соработката во делот на обуките за хеликоптерските единици, а воедно ja истакнав и потребата од интензивирање на процедурите за меѓусебно признавање на возачките дозволи. На крајот се заблагодарив за разбирањето што го има Словенија за проблемот со патните исправи, како и за силната поддршка што ни jа дава на патот кон нашето полноправно членство во Европската Унија.“, потенцираше министерот Тошковски.