![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/10/pance-toskovski-le-reigoler.jpg?resize=696%2C472&ssl=1)
Денеска остварив работна средба со новоназначениот амбасадор на Република Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, се вели во Фејсбук статусот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-На средбата фокусот на разговор беше ставен на заедничката соработка врз веќе прифатени и договорени проекти најчесто во форма на стручни и тематски обуки со цел унапредување на капацитетите на министерството од областа на борбата против наркотици, организиран криминал, мигрантски текови, контрола на граница, борба против криминални организации за криумчарење мигранти и други. Ги истакнав приоритетите кои ги имаме како министерство за внатрешни работи како борбата со организираниот криминал и корупцијата, дигитализација на процесите, планираните реформи и беше потврдено дека унапредувањето на полициската соработка меѓу двете земји е од големо значење за заедничкиот придонес кон мирот, стабилноста како нашата земја така и на регионот, истакна Тошковски.