Одржав средба со претставници од Националното здружение на автошколи и возачи инструктори на која разговаравме за актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваат, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
МВР како институција е надлежна во повеќе сегменти од нивниот делокруг на работа и во тој контекст во фокусот беа можните реформи за елиминирање на злоупотребите и унапредување на системот за обука на возачи, објави на својот фејсбук профил.