Тошковски: Предлог законот за јавно обвинителство на СДСМ е спротивно на сите цивилизациски вредности кој што се постигнати во 21 век

Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во „Утрински брифинг“ зборуваше за законот за јавно обвинителство односно кои се клучните забелешки на ВМРО-ДПМНЕ околу овој закон и што е она без кое ВМРО-ДПМНЕ не може да го подржи овој закон.

„Во последните година дена како што знае јавноста ВМРО-ДПМНЕ е во процесни преговори со СДСМ во однос на законот за јавно обвинителство. И овој предлог текст на закон кој што СДСМ прв пат го дистрибуираше до нас уште пред година дена, прво нешто што побара ВМРО-ДПМНЕ беше предметниот закон како што важечкиот закон претходно беше доставен до Венецијанската Комисија да си го даде своето мислење во однос на содржината на истиот да се достави и овој закон. Тоа не беше прифатено од страна СДСМ и владеачкото мнозинство, истакна Тошковски.

Посочи дека 90 отсто од законскиот текст којшто е предложен е истиот нема разлика, 90 % од законскиот текст како таков и забелешките кои ги даде ВМРО-ДПМНЕ и тогаш и сега се исти.

Тошковски укажа дека забелешките за овој закон кои ги дал на 29.07.2019 во однос за законскиот текст кој што тогаш бил предложен и во суштината 90% се поклопуваат и со забелешките кои сега ги дале експертите.

„Еве ќе тргнеме од преоди и завршни одредби кои што и тогаш и сега се чекор на сопнување. Така е затоа што предложеното решение од страна на СДСМ е спротивно не само на Уставот на Република Македонија, не само на меѓународните повелби кои што се важечки, не само на пресудите од европскиот суд од Стразбург кој што јасно дефинираат како треба да се постапува во конкретни ситуации, туку е спротивно на сите цивилизациски вредности којшто се постигнати во 21 век. Не може да создавате правна несигурност со еден ваков закон и да одредени постапки кој што биле дефинирани со друг закон како што е законот за специјално јавно обвинителство за кои што постои одредено мислење од страна на Врховниот Суд на Република Македонија, вие да редефинирате и да кажувате дека со овој закон нешто ќе продолжело или ќе престанало. Ниту може да се продолжи, ниту нешто може да престане со овој закон“, додаде Тошковски.