![toskovski-2-960x654](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/toskovski-2-960x654.jpg?resize=696%2C474&ssl=1)
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Отсекот за персонализација на лични документи во рамките на Оддел за информатика и телекомуникации на МВР каде се изработуваат личните документи.
-Од страна на раководството и вработените во оваа организациска единица бев запознат со комплетниот процес на изработка на личните документи и заеднички разговаравме за преземање на определени мерки и активности насочени кон подобрување на овој процес и зголемување на капацитетот на изработка и испорака на документите, објави Тошковски.
Тој им се заблагодари вработените кои и покрај тоа што секојдневно се соочуваат со разни проблеми, вложуваат максимални напори за овој процес да тече непрекинато и со максимален капацитет.