„Низок обид за манипулација на јавноста“, ова е директниот одговор на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прозивките на ДУИ и барањето за интерпелација по инцидентите на 28 ноември, на денот на албанското знаме.
Тошковки одговарајќи на новинарски прашања за иницијативата на ДУИ за негова интерпелација во парламентот рече:„Тезите кои што се поставуваа во изминатиот период од страна на опозицијата, особено од ДУИ, сами по себе се контрадикторни. Така да сметам дека македонскиот граѓанин и народ, многи добро знаат што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа! Ќе си постапи Собранието во насока на она што смета дека е исправно. Јас искрено ценам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста!“ потенцира министерот.
Изјавите следуваа по работната посета и средба со Ненад Нешиќ, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, со кого Тошковки одржа заедничка прес конференција.