Фирмата „Тотал инженеринг“, сопственост на Вице Зае, брат на премиерот Зоран, ги демантираат тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека добиле концесија за екплоатација на руда поради блискоста на фирмата со претседателот на Владата.
Целосно ги демантираме изнесените невистини од страна на политичката партија .Нема никаков скандал ниту било каква незаконитост во работата на „Тотал инженеринг“. Договорот со Владата на РМ за детални геолошки истражувања „Тотал инженеринг“ го има потпишано во 2015 година. Во тоа време,премиер на владата беше Никола Груевски, тогашен претседател токму на ВМРО-ДПМНЕ. Согласно законската постапка, којашто е идетнична за сите, врз основа на тој Договор „Тотал инженеринг“ ја продолжува процедурата која завршува во април 2018 година, велат од компанијата.
Тие имаат проект и Елаборат за извршени геолошки истражувања, Ревизиска клаузула на Проект од страна на Геолошки завод на РМ, се тоа во време кога институциите беа раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Значи исполнети се сите законски и правни регулативи и затоа е добиена концецијата откако се добиени позитивни мислења од сите надлежни институции. Целосно непотребно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја дефокусира јавноста. Треба да знаат дека се целосно прочитани и да престанат со овие смешни прес конференции. Фирмата „Тотал Инженеринг“ веќе неколкупати јавно ги охрабрува надлежните институции како и сите невладини организации коишто се занимаваат со борба против корупција детално да ги истражуваат измисленуте случаи на ВМРО-ДПМНЕ и да соопштат за наодите, стои во демантот на компанијата.