Во заостанатиот натпревар од 29-то коло на англиското фудбалско првенство, прв откако лондонскиот клуб објави дека поради низата лоши резултати го отпуши менаџерот Жозе Мурињо, забележа домашна победа од 2:1 над Саутемптон.
Гостите поведоа преку Дени Ингс во 30 минута кога поентираше по ударот од аголот, на 1:1 израмни Гарет Бејл во 60 минута кога остана сам на десната страна од гостинскиот шеснаесетник, а важните три бода за Тотенхем во борбата за пласман во европските натпреварувања следната сезоја ги обезбеди Сон еунг-мин во 90 минута од пенал.
Тотенхем сега е шести на табелата со 53 бодови, колку има и седмиот Ливерпул кој одигра меч помалку, додека Саутемтон е 14-то со 36 бодови, девет бодови од позициите на табелата кои водат во понизок ранг.
Подоцна во средата Манчестер сити направи уште еден чекор кон освојувањето на титулата со гостинската победа од 2:1 кај Астон Вила во првата средба од 33-то коло.
Домашните поведоа по само 20 секунди игра со голот на Џон Мекгин, но притисокот на гостите донесе пресврт пред одењето на полувремето. Фил Фоден израмни во 22 а пресвртот го динесе Родри во 40 минута. Сити во 44 минута остана со играч помалку откако беше исклучен Џон Стоунс, но Вила не успа да ја искористи бројната предност во вториот дел и затоа што веќе во 57 минута од нејзините редови беше исклучен Мети Кеш.
Манчестер Сити е водечки со 77 бодови, единаесет повеќе од второпласираниот Манчестер Јунајтед. Астон Вила во моментов е на 11-то место со 44 бодови од 31 натпревар.