Тотенхем до победата во последната секунда, Сити рутински

Тотенхем во последните моменти од судиското продолжение успеа да го надомести заостанувањето и да го победи Фулам на неговиот терен.

Тотенхем на овој натпревар настапи без својот најдобар стрелец, повредениот Хари Кејн. Поради тоа во врвот на нападот заигра шпанскиот ветеран Фернандо Љоренте, но тој наместо противничката ја затресе сопствената мрежа уште во 17 минута, несреќно реагирајќи по корнер.

„Спарс“ израмнија на 1:1 во 51 минута со голот на Деле Али, а по големата грешка на домашната одбрана на истекот од последната трета минута од судиското продолжение Хари Винск одблиску со глава му ја донесе победата на Тотенхем , кој сега има 51 бод и е на третата позиција на табелата, со големо бодовно заостанување зад вториот Манчестер Сити и водечкиот Ливерпул. Фулам, пак, останува претпоследен 19-ти со 14 бодови, седум помалку од местото кое гарантира нова сезона во Премиер лигата.

Актуелниот шампион Манчестер Сити рутински во неделата го одработија гостувањето в во 23-то коло кај „фенерџијата“ Хадерсфилд, има само 11 бодови, победувајќи го со 3:0. Стрелци за „Граѓаните“ беа Данило во 18, Рахим Стерлинг во 54 и Лирој Сане во 56 минута. Со четвртата последователна победа во првенството Сити го намали заостанувањето зад Ливерпул на четири бодови.