Тотенхем го надигра Чезли во дербито, Ливерпул и Сити продолжуваат со победите

Во дербито од 13-то коло од англиската Премиер лигата, Тотенхем во саботата го совлада Челзи со 3:1, додека водечките Манчестер Сити и Ливерпул постигнаа убедливи победи на гости.

Тотенхем од почетокот на лондонското дерби започна силно и во првото полувреме испушти можност да го реши мечот со уште неколку голови во мрежата на Челзи, освен двата кои ги постигнаа Деле Али и Хари Кејн уште во 8 и во 16 минута. Во второто полувреме, кога Челзи тргна многу решително, Јужнокореецот Сон Хеунг-мин, кој во првото полувреме не реализираше неколку убави шанси, ги урна намерите на „сините“ веднаш да го намалат водството на противникот и во 54 минута конечно погоди за 3:0. Но Матео Ковачиќ по само четири минути повторно ја врати разликата на два гола, но тоа беше сѐ што можеа да сторат фудбалерите на Челзи.

Со победата Тотенхем со 30 бодови му ја одзема третата позиција на табелата на Челзи, кој остана на 28 бодови.

Ливерпул со головите на Мохамед Салах во 67, Трент Алесандер-Арнболд во 78 и Роберто Фирмињо во 89 минута во второто полувреме славеше со 3:0 на гости кај Вотфорд. „Редсите“ и натаму немаат првенствен пораз и со само три ремија, ја држат втората позиција со 33 бодови додека Вотфорд е 9-ти со 20 бодови.

Без пораз е и водечкиот Манчестер Сити а има една победа повеќе од Ливерпул и е во водство во лигата со 35 бодови. Сити веќе во првиот дел со погодоците на Давид Силва во 11, Рахим Стерлинг во 19 и Лерој Сане во 34 минута го реши прашањето на победникот. Сане уште еднаш во третата минута ја погоди мрежата на Вест Хем кој остана на 13-то место со 12 бодови.

Манчестер Јунајтед уште еднаш киксираше на својот „Олд Трафорд“ играше без голови со Кристал Палас. „Црвените ѓаволи“ се оддлачеуваат полека од местата кои водат во европските натпреварувања, и сега се на седмото место со 21 бод кое може да загубат во недела. Крстал Палас, пак, се одржува над зоната на испаѓање, на 15-то место со 9 бодови.

Брајтон поведе дома во 15 минута преку Мареј, а Лестер израмни преку пенал кој го реализираше
Варди во 70 минута. Брајтон е 12-ти со 15 бодови, а Лестер е 10-ти со 18 бодови.

Евертон во Ливерпул со голот на Сигурдсон во 59 минута го победи Кардиф Сити, кој останува на седум бодови. Евертон, пак, скокна на шестата позиција со 22 бодови, два помалку зад петтиот Арсенал кој има меч помалку. Кардиф Сити уште е во опасната зона, на 18-то место со 8 бодови

Фулам и Саутемптон одиграа интересен дуел, менувајќи се во водство. Гостите поведоа со голот на Армстронг во 18 минута, а потоа за домашните пресврт направија Митровиќ во 32 и Ширле во 43 минута. Стрелецот на првиот гол во 54 минута израмни за гостите, а српскиот интернационалец со вториот гол во 63 минута го постави конечниот резултат. Фулам барем до недела нема да биде последен на табелата е на 19-то место во групата три тима кои имаат по 8 бодови во која е и сега Сандерленд, а со победа последниот Хадерсфилд може да ги прескокне и да дојде до 15-то место.