Тотенхем лесно против четвртолигашот Транмере

Фудбалерите на Тотенхем се изборија во 16-финалето од ФА купот откако на гостувањето ги победија четвртолигашот Транмере Роверс со 7:0.

Три гола постигна Фернандо Љоренете, во 48, 71 и 72 минута, двапати меѓу стрелците се запиша Серж Ориер во 40 и 55 минута, а головите постигнаа и Сон Хеунг Мин во 57 и Хари Кејн во 82 минута.

Транмере, кој се наоѓа на деветтото место во Лигата Два, четвртата квалитативна класа во англискиот фудбал, не можеше да ги издржи налетите на лондонскиот тим иако го носат прекарот „убиец на великаните“.

Преостанатите натпревари од третото коло во најстарото фудбалско натпреварување во светот на распоредот се во сабота и во недела.