Лондонски Тотенхем му понудил на Баерн 60 милиони евра за 19-годишниот француски напаѓач Матис Тел, објавија во петокот британските медиуми.
Баварците се подготвени да ја прифатат понудата на Спарс, но Матис Тел сѐ уште се двоуми бидејќи во игра е и Манчестер Јунајтед.
Младиот голгетер повеќе би сакал да го облече дресот на „Црвените ѓаволи“, но Јунајтед сѐ уште нема дадено никаква понуда. На клубот од „Олд Трафорд“ му треба напаѓач бидејќи ќе го продаде Алехандро Гарначо.
Матис Тел се пресели од Рен во Баерн во јули 2022 година за 20 милиони евра, а неговиот договор е со важност до јуни 2029 година.