Тотенхем по 28 години победи на „Стемфорд Бриџ“

Во дербито на 31-то коло од англиското фудбалско првенство Тотенхем во неделата славеше на гостувањето кај Челзи со 3:1, што е првата победа на „Спарс“ на стадионот „Стемфорд Бриџ“ по дури 28 години.

Тотенхем досега не го имаше победено Челзи на гости во XXI век, а ниту откако најсилното англиско натпреварување се игра под називот Премиер лига.

Успехот на Тотенхем е уште поголем бидејќи е остварен без најдобриот играч Хари Кеј, а и зашто гостите мораа да стасуваат водство откако во 30 минута гол за Челзи постигна Мората по погрешната процена на голманот Љорис. Пресвртот започна во првата минута од судиското продолжување на првото полувреме кога Данецот Ериксен постигна убав гол од далечина. Во вториот дел од мечот одличен беше Деле Али кој беше прецизен во 62 и 66 минута за големата победа на Тотенхем.

Тотенхем остана на четвртото место на табелата со 68 бодови , но само со два бодат зад Ливерпул и Манчестер Јунајтед, додека на самиот врв со недостижни 86 бодови. Челзи, пак, е на петтата позиција со заостанување од големи осум поени зад Спарс и пласманот следната сезона во Лигата на шампионите.