Фудбалерите на Њукасл Јунајтед го направија во неделата најголемото изненадување во третото коло од англиското првенство совладувајќи го како гостин Тотенхем Хотспур со 1:0.
Њукалс до победничкиот погодок дојде преку Џоелинтон во 27 минута, а потоа повеќе од еден час ја бранеше предноста со сите средства.
За „Свраките“ ова се првите бодови во новата сезона, и натаму се на претпоследното 19-то место. Тотенхем е седми на табелата со четири бодови.
Претходно во неделата актиуелниот првак Манчестер Сити како гостин го совлада Борнмут со 3:1 (2:1). Двоен стрелец за Сити беше Серхио Агуеро, во 15 и 64 минута, а во меѓувреме во 43 минута погоди и Рахим Стерлинг, додека единствениот гол за домашните го постигна од прекрасно изведен слободен удар Хари Вилсон во третата минута од судиското продолжение на првото полувреме.
Манчестер Сити сега е втор со седум бодови, два помалку од водечкиот Ливеепул, а еден од повеќе од третиот Арсенал, додека Борнмут е 11-ти во групата екипи со по четири бодови.
Во последната средба од колото Вулверхемптон како домаќин во последните моменти спаси под против Барнли и одиграа 1:1. Гостите поведоа во 13 минута преку Ешли Барнс, а домашните израмнија со голот на Раул Хименез од пенал дури во седмата минута од судиското продолжение/
Вулверхметон е 15-ти на табелата со три бода, а Барнли е шести со четири бодови.