Англискиот фудбалски великан Тотенхем се измачи на домашен терен со третолигашот Моркам во третото коло од најстарото фудбалско натпреварување на светот ФА Купот.
На крајот Тотенхем победи со 3:1, иако Моркам поведе во 33 минута со голот на Ентони О’Конор и имаше водство сѐ до 74 минута кога израмни Хари Винск. Потоа следаа два брзи погодока на домашните на Лука Моур во 85 и Хари Кејн во 88 минута, кои влегоа во игра во второто полувреме.
Ливерпул, пак, немаше проблеми на домашен терени и со 4:1 го совлада Шрусбери, иако тимот на „Црвените“ беше преполн со јуниори. И во овој меч гостите поведоа во 27 минути преку Даниел Јудох, но веќе во првото полувреме Ливерпул направи пресврт со головите на Кејд Гордон во 34 и Фабињо од пенал во 44 минута. Во 78 минуте Роберто Фирмињо ги прекина сите можни дилеми, а во третата минута од судиското продолжение на мечот Фабињо со својот втор погодок го постави конечниот резулата.
Во дуелот меѓу два прволигаши Вест Хем со 2:0 на домашен терен го совлада Лидс Јунајтед. Домашните поведоа преку Мануел Ланѕини во 34 и неизвесноста траеше до крајот на дуелот, кога Џерод Боувен погоди во третата минута од судиското продолжение на мечот.
Со двата погодока на Даниел Поденс во 14 и 80 и Нелсон Семедо во 72 минута со 3:0, го совлада Шефилд Јунајтед.
Натаму оди и Лутон кој со 4:0 го совлада четвртолигашот Херогејт Таун. Стрелци за домашните беа Елиџа Адебајо во 18, Камерон Џеорм во 50, Каил Најсмите во 82 и Лук Бери во 88 минута.
Стоук Сити со погодоците на Том Инс во 43 и Тирс Кемпбел во 89 минута беше подобар од Лејтон Ориент.
Кардиф Сити длабоко во доигрувањето го постигна победносниот погодок за 2:1 во соочувањето на домашен терен со Престон. Домашните поведоа во 42 минута со голот на Исак Давиес а гостите израмнија во 54 минута од пеналот кој го реализираше Даниел Џонсон.
Норич Сити со голот на Милот Рашица во 79 минута оствари гостинска победа кај Чарлтон.
Подоцна во неделата играат Нотингем Форест – Арселнал, а во понеделник Манчестер Јунајтед – Астон Вила.