Товарен авион на DHL се урна во близина на аеродромот во Вилнус, еден мртов

Товарен авион на DHL се урна во понеделникот околу 4,30 часот по средноевропско време во близина на аеродромот во Вилнус во Литванија, при што загина едно лице а три се повредени, изјавија за Reuters претставници на аеродромот, полицијата и пожарникарите.

Авионот, управуван од авиокомпаниите SWIFT во име на DHL, се урна врз куќа, изјави портпаролот на владиниот Национален центар за управување со кризи. Сите луѓе во куќата преживеале, додаде тој.

Пожарникарите во 6.30 часот полевале со вода чад што се издигал од зградата на околу 1,3 километри северно од пистата на аеродромот во главниот град на Литванија. Спасувачките служби соопштија дека авионот удрил во земјата и се лизнал најмалку 100 метри пред да се урне во зградата.

Во областа било забележано големо присуство на полиција и брза помош, а неколку околни главни улици беа затворени. Полицијата на прес-конференција соопшти дека 12 лица биле евакуирани од куќата што ја удрил авионот.

Портпаролот рече дека нема ништо што сугерира дека експлозија и претходела на несреќата. Во моментов немаме податоци дека имало експлозија“, рече тој.

Портпаролот на аеродромот рече дека авионот бил „Boeing 737-400“.