Товарен воз во близина на Волгоград излета од шините по „интервенција на неовластени лица“

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Товарен воз излета од шините во близина на Волгоград, во југозападна Русија, по „интервенција на неовластени лица“, јавија утринава руските медиуми.

-На станицата Котлубан, во регионот на Волгоград, вагон излета од шините по интервенција на неовластени лица, јавија руските медиуми.

Пожарот што избувнал во резервоарот за гориво и во еден вагон е изгаснат, соопштија од Министерството за вонредни состојби.

Детали за инцидентот не се објавени.

Градот Котлубан е на околу 300 километри од границата со Украина, а регионот на Волгоград беше цел на напади со украински беспилотни летала.