Нова афера е на повидок во која е вплеткан директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија и синот на актерот Раде Шербеџија, Данило.Конкретно, првиот човек на хрватскиот аудиовизуелен центар, Хрибар на товар на државата и хрватските даночни обврзници се шетал на службени патувања во Љубљана, Трст, Кан, Берлин и на тоа се потрошени околу 100.000 евра, открива „Отворено.хр“.
Хрибар кој во меѓувреме си поднесе оставка влегува во нов корупциски скандал со Тозија, Раде и Данило Шербеџија со продажбата на филмот „Ослободување на Скопје“.
Иако за овој случај се заинтересира македонската Антикорупциската комисија, минатата влада одби да го смени Тозија.Тој покрај корупцијата беше познат и по изјавите во кои се споменуваше владејачката ХДЗ и премиерот Пленковиќ за што власта мораше да се извинува.
Но, тоа не е се. Тозија и Хрибар си плаќале и консултантски услуги што и во Хрватска и во Македонија е второ име за перење на пари, анализира „Отворено.хр“. Тозија на Хрибар му платил 17.500 евра за консултантски услуги но подоцна Тозија го менува периодот на времетраење и сумата на основниот договор кој првично бил на 13.000 евра.