Трајанов: Ковачевски се закануваше дека ќе бега во Америка ако не помине францускиот предлог!

Ексклузивни информации за однесувањето на премиерот Димитар Ковачевски при носењето на францускиот предлог, откри Павле Трајанов во интервју за емисијата Звукот на политиката на Радио Лидер.

Во разговор во парламентот за предлог заклучоците на Павле Трајанов, Талат Џафери организирал средба, на која биле присутни Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби. Османи го убедувал Павле Трајанов дека нема друга меѓународна конференција, покрај оваа што сега се оддржува и одма ќе се почнат преговори. Ахмети го запрашал Османи за мислење околу ставовите на Павле Трајанов. Груби предложил да се прифатат заклучоците на Павле Трајанов. Во тој момент, Ковачевски станал и изјавил:

-Вие ако ги прифатите заклучоците, јас не сакам да го ставам во тешка позиција министерот за надворешни Османи, јас во тој случај ќе си ги земам стварите и си одам за Америка- им рекол Ковачевски на присутните.

Трајанов вели дека Ковачевски вакви закани за отселување во Америка давал во повеќе наврати.