Трајанов не би учествувал во нова Влада со партнери како СДСМ и ДУИ

Лидерот и пратеник од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов денеска порача дека неговата партија не преферира да учествува во Влада во која што партнери ќе бидат ДУИ и СДСМ. Според него, штетите што ги направиле двете партии се огромни и ќе треба нови партии и сили за да се менува веќе направеното.

-Не може СДСМ, а уште помалку ДУИ, да биде носител на прогресот на Македонија, рече Трајанов во емисијата „Студио 10“.
Претседателот на ДС смета дека албанската опозиција не би гласале за кандидат кој што би го предложиле ДУИ или СДСМ, без разлика на неговата националност. Вели дека етничката припадност не е битна, но не верува дека во моментов има таков натпартиски кадар од страна на владеачката коалиција.

Трајанов очекува владеачката коалиција да ги изгуби парламентарните и претседателските избори во еден ден.