Вечерва во емисија „Топ Тема“ гостуваше Павле Трајанов, коалициски партнер на СДСМ на Зоран Заев, посочи дека министерство за здравство нема стратегија како да управува со кризата со епидемијата од новиот коронавирус.
Министерството за здравство има некаква платформа за здравствени прашања, решенија и итн. Меѓутоа ниту здравството, ниту другите субјект на системот за управување со кризи имаат подготвени стратегии и платформи доколку дојде до ваква ситуација, како да дејствуваат. А, треба да ги имаат тие платформи, нагласи Трајанов.
Трајанов додаде дека такви платформи и стратегии Министерството за здравство треба да ги има за да дејствува соодветно во сулови како што е сега корона кризата. Мора да постои систем, целосен изграден систем кој што ќе функционира.