Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, го посочи Зоран Заев како виновен за ситуацијата што се случува сега во Македонија.
Трајанов ова го кажа во вечерашното гостување во Тема на денот на Сител.
-Не е така едноставно и лесно да се сруши влада, последици ќе има дали преку оставка на актуелниот претседател на владата, дали преку интерпелација. Мислам дека Заев ја иницираше оваа севкупна состојба што се случува сега. Сигурен сум дека Зоран Заев и СДСМ за ова ќе сносат последици. Но, легитимно е правото на опозицијата да се здружува и да бара оставка бидејќи на секоја политичка партија главната цел и е да дојде на власт, рече Трајанов.