Кога ќе те обземе политичката омраза настанува нереализација или одлжување на проектите кои си ги наследил, вели поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски по вчерашниот пожар во Универзалната сала. Тој објави хорнологија на настаните кои доведоа до пропаѓањето на објектот:
Во 2015г. падна дел од кровот на Универзалната сала поради што ја затворивме за користење.
Веднаш во соработка со Владата се направи проект во вид на Јајце.
Но поради тоа што беше многу скап ( околу 15 мил евра) а и поради реакции на граѓаните дека треба да се задржи постојниот изглед проектот не се реализираше.
Затоа се направи нов проект преку Универзална сала а во соработка со владата и министерството за култура и градот Скопје со кој се задржа постојниот изглед на куполата, се предвидоа дополнителни сали за манифестации и конференции. Покрај тоа се предвиде и подземен паркинг кој овозможуваше подобра пристапност и функционалност на објектот.
Проектот беше готов крајот на 2016 и почеток на 2017г. ( Види видео )
Во јуни 2017г се изгласа нова влада на чело до СДСМ во која за министер за култура беше избран г-дин Алаѓозовски.
Со оглед на тоа што бев градоначалник до октомври 2017, во летото 2017 на мое барање остварив средба со министерот на која му го преставив проектот и го замолив за финансирање на проектот со оглед на тоа што од претходната влада имаше заклучок за нејзино финансирање.
За жал тоа не се оствари а мене ми заврши мандатот во октомври 2017г.
Еден од првите предизборни собири во 2017 на г-дин Петре Шилегов како кандидат за градоначалник ги направи токму пред Универзалната сала и вети дека ќе биде меѓу првите проекти кој ќе го реализира.
За жал поради неговата политичка омраза кон ВМРО-ДПМНЕ наместо да распише тендер за изградба тој порача нов проект.
Беше поднесена и кривична пријава на дириректорот на Универзална сала која по неколку години беше отфрлена од судот.
Во новиот проект кој е со челична конструкција не беше предвиден подземен паркинг што преставува голем недостаток.
Новиот проект кој го направи започна да се гради при крај на неговиот мандат.
Добро е што почна да се гради, но за жал многу доцна поради политичката омраза и затоа не се реализација во неговиот мандат.
Преку договор меѓу градот Скопје и министерството за култура продолжи реализацијата под капата на министерството.
За жал овој пожар уште повеќе ќе ја одолговлечи реализација.
Посакувам Универзалната сала да се заврши во предвидениот рок и граѓаните на градот Скопје да добијат уште еден старо- нов културен објект.
Голема среќа е што нема човечки жртви.
Уште еднаш ќе повторам да не беше политичката омраза и во 2017-2018 да се почнеше изградбата според проектот кој му го оставивме на градоначалникот Петре Шилегов досега ќе беше готова Универзалната сала.