Трајановски до Шилегов: Не ги казнувај скопјани само заради тоа што јас сум започнал некој проект

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, реагира на обвинувањата на актуелниот градски татко дека во Скопје не е оставен ниту еден проект од претходната градска власт.

„Повеќе од две години слушам невистини дека во градот не е оставен ниту еден проект. Знаете дека тоа не е вистина и јас чуствувам одговорност кон граѓаните да кажам кои проекти ги оставив во градот Скопје.
Петре, Скопје се сака со работа !!! Не ги казнувај скопјани само заради тоа што јас сум започнал некој проект. Тие проекти не се ниту мои ниту ваши, туку се на сите жители на Скопје“, напиша Трајановски на својот Фејсбук профил.