Трајни вредности: 122 години од раѓањето на македонскиот драмски писател Ристо Крле

На 3 септември во 1900 година во Струга е роден Ристо Крле, македонски драмски писател. Неговото дело претставува трајна вредност на македонската литература.

Заедно со Васил Иљоски и Антон Панов, меѓу двете светски војни го оживеа драмскиот жанр во македонската литература.

Негови познати дела се „Парите се отепувачка”, „Антица”, „Милиони маченици”, „Автобиографија”, „Велик ден” и други.

Умре во Скопје, на 29 октомври 1975 година.