Најдобри македонски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на олимпијадата во Токио го развеаја македонското знаме од Кутлеш.
-Традицијата продолжува, напиша кратко на својот Фејсбук профил Ѓорѓи Начевски.
Имено, македонските арбитри ја делеа правдата на натпреварот во кој Египет ја совлада Португалија со 37:31, додека, претходно во дербито на првото коло, Шпанија минимално ја совлада Германија со 28:27.