Хорот „Св.Злата Мегленска“ ќе одржи традиционален концерт „Божик-слава“ на 7 јануари во Градската православна црква „Пресвета Богородица“ со почеток во 19.30 часот. Влезот е слободен.
-Станува збор за хуманитарен концерт. Ве повикувам да бидеме хумани! На влезот во црквата ќе бидат поставени кутии за донација. Присутните на концертот можат да донираат доброволно, а собраните сретства ќе им бидат доделени на ранливата категорија на луѓе и деца со посебни потреби!, вели диригентката на хорот, Летка Димовска-Полизова.
Покровител на концертот е сопругата на Претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.