
Трагедија во блзиина на Градско, загина млад Пакистанц. Според информациите од МВР, вчера во 18:40 часот, патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, во близина на с.Ногаевци, општина Градско, удрил во А.И.(23) од Пакистан, кој починал на местото.
Со него бил и Р.М.(30) од Пакистан, кој бил предаден на полициски службеници и бил префрлен во Прифатниот центар за странци – Гази Баба во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.