
Во грозоморна семејна трагедија во Лимеи крај Париз во божикната ноќ, жена со нож усмртила десетгодишно внуче и тешко ја ранила четиригодинишната внучка, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на полициски извори.
Девојченцето било итно префрлено во болница. Иследниците пронашле и трета жртва, новороденче старо еден месец, чијашто мајка го убила внукот.
Дететот било пронајдено на подот во станот во кој пет возрасни лица и три деца од исто семејство се собрале на католички Бадник. Со прегледот на телото на бебето биле откриени „физички повреди“, навел судот во Версај, без дополнителни објаснувања.
Триесет и едногодишната тетка, службеничка во општината Лимеи, била притворена и хоспитализирана, а подоцна ја напуштила болницата и го чека сослушувањето.
Соседите раскажале дека семејството се доселило пред неколку месеци во приземјето на зграда недалеку од железничката станица во која живеат социјално загрозени семејства.
Еден од станарите раскажал дека го разбудиле „ужасни крици“ и под тремот го здогледал соседот, тетинот на децата како го масира срцето на внукот. Тој го заменил и го масирал момченцето до доаѓањето на итната помопш 15 до 20 минути подоцна. Но моменчцето коешто здобило неколку убоди со нож во стомакот не преживеало.
Според полицискиот извор, сторителката рекла дека била „опседната“ и имала исекотини на подлактицата. Друг полициски извор за агенцијата рекол дека жената е ставена под психијатриски надзор, но дека немала полициско досие.
Според двата извори, нож со острица од 15 сантимери бил пронајден во блиските грмушки.