Трагедија во Бугарија: Загинаа 46 македонски државјани, меѓу нив 12 се деца

Во страшна трагедија која се случи на автопат во Бугарија, утрово настрадаа 46 македонски државјани, кога автобусот во кој се превезувале 53 македонски државјани излетал од автопатот се превртел и се запалил.

Меѓу жртвите се 12 деца и двајца близнаци. Воачот исто така е меѓу жртвите. Седум патници се преживеани и во тешка состојба со сериозни изгореници се пренесени во болницата „Пригов“ во Софија. Најмладиот преживеан има само 15 години.

„Сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се“, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков кој е на местото на несреќата заедно со бургарскиот премиер Стефан Јанев.

Трагедијата се случила околу 3 часот наутро кај селото Бошнек на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија

Според првичните инфромации, автобусот бил дел од поголем група од четири автобуси кои неколку часа претходно влегле во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“. Според неофицијаланите информации се враќале од Истанбул и требало да влезат во Македонија преку граничниот премин „Ѓуешево – Деве Баир“ кај Крива Паланка.

„Веројатно се работи за техничка неисправност, пред тоа има дупната гума“, изјави за БТВ Николај Николов, началник на Генералната дирекција за противпожарна безбедност и заштита на населението при МВР.

Бугарскиот претседател Румен Радев и привремениот премиер Стефан Јанев телефонски разговарале со македонскиот премиер Зоран Заев, кој веднаш заедно со министерот за здравство Венко Филипче и со шефот на дипломатијата Бујар Османи заминаа за Бугарија.