Трагедија во Хрватска: Маж се разнел себеси и сопругата со бомба

Голема трагедија се случила синоќа во стан во Бисаг, град во округот Вараждин, во која починаа двајца сопружници. Маж (56) активирал рачна бомба околу 23 часот и 40 минути, при што се самоубил, а ја убил и својата 48-годишна сопруга

„ Телата на починатите по наредба на заменик жупанискиот обвинител се пренесени во Одделот за патологија во Општата болница во Вараждин, каде ќе се врши обдукција“, известија од полицијата, а мештаните неофицијално соопштија детали за случајот.

– Слушнав дека влегол во станот и активирал рачна бомба, убивајќи ја мојата познаничка и себе си. Ќерката која живееше со мајка си во станот успеала да побегне – раскажува мештанин кој е згрозен од трагедијата во Бисаг. Тој вели дека сторителот бил проблематичен. Не знаел дека тој и жената што ја убил претходно биле во врска. Таа и нејзината ќерка живееле сами.

– Не ја слушнав експлозијата, некои слушнаа. Видов полициски автомобили наутро – додава тој.