![Screenshot_1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/Screenshot_1-4.jpg?resize=402%2C298&ssl=1)
Нова трагедија го погоди македонскиот спорт откако денеска животот го загуби младиот ракометар на РК Охрид, Јован Николоски.
Станува збор за 17-годишно момче кое настапуваше за младинските категории на РК Охрид, а раководството на „сино-белите“ попладнево ја потврди трагичната вест.
„Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш!“, се наведува во објавата од ГРК Охрид.
Во јуни трагична вест ја потресе македонската јавност, кога уште еден млад ракометар почина. Марко Божиновски, кој беше членот на Бутел Скопје. Божиновски е дете на Металург, пред две години настапуваше за вториот тим на овој клуб, а потоа го засили составот на Бутел Скопје. Тој беше дел од кадетската репрезентација.