Трагедија во Пенсилванија, пет деца загинаа во пожар во дневен центар

Пет деца загинале во пожар во центар за дневен престој во градот Ери во американската сојузна држава Ери, пренесува во неделата телевизиската мрежа CBC News повикувајќи се на локалната полиција.

Сигналот за избувнување пожар во приватниот дневен центар „Harris Family Day Care“ се огласил ноќта кон неделата во 1,12 часот по локално време. Пожарникарите пристигнале по четири минути, а во тој период објектот бил целосно зафатен од огнот.

Во текот на гаснењето била спасена сопственичката на установата, Елејн Харис, којашто е хоспитализирана. Спасени се, исто така, и две деца на 12 и 17-годишна возраст, кои успеале да излезат од објектот во пламен на покривот, а потоа да скокнат на земјата. Покрај тоа, во пожарот е повреден и сосед.

Идентитетот и возраста на починатите деца сѐ уште официјално не се објавени, но шефот на противпожарната служба Гај Сантоне за локалните медиуми рекол дека возраста на жртвите се движела од осум месеци до седум години. Причината за пожарот се истражува, а засега е познато само дека центарот ги имал сите неопходни работни дозволи.