Трагедија во прилепско, со голф излетал од патот, загина 18 годишна девојка, двајца се тешко повредени

Полицијата објави дека синоќа во 21.58 часот во полицијата во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана“ во с.Долнени, прилепско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Пешталево, излетало од патот, велат од МВР.

-Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С.(18) од Прилеп, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и другата сопатничка Б.С.(18) од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп, соопшти МВР.