Застрашувачка вест ја шокираше Шпанија каде 11-годишно дете настрада додека играло фудбал. Маж маскиран со качулка втрчал на теренот и со нож го нападнал детето, кое било избодено неколку пати.
Трагедијата се случила на теренот на стадионот „Анхел Тардио“ во провинцијата Толедо, пишува „Марка“. Откако детето било избодено со ножот, веднаш реагирале лекарите, бил активиран и хеликоптер, но за жал детето починало.
После нападот на првата жртва, непознатиот маскиран маж сакал да нападне уште некое друго дете, но сите успеале да избегаат. Мотивот за овој ужасен чин не е познат, а напаѓачот е во бегство. Според шпанскиот портал АБЦ, убиецот побегнал со сив автомобил Форд Мондео.
Теренот на кој се случила трагендијата е опремен со надзорни камери и сите се надеваат дека брзо ќе биде фатен убиецот. Жртвата е Матео, дете кое било член на локалниот тим на Мосехон.