
Тричлено семејство, двајца родители и нивното двегодишно дете, загинаа во сообраќајната несреќа што денеска попладне се случи на патот Делчево Македонска Каменица кај местото викано Лештаро.
Според првичните информации, несреќата се случила околу 15,40 часот кога возачот на автомобилот „фиат пунто“, 32-годишниот Д.Д. од Делчево од засега неутврдени причини директно се судрил со камион „Ман“ со штипска регистрација, управуван од 56-годишниот П.Г. од Штип. При судирот со смртносни повреди се здобил возачот неговата сопруга, 27-годишната Е.Д. и нивното двегодишно дете. Сите тројца поради здобиените повреди починале на самото место на несреќата.
Увидот на местото на несреќата е во тек. Поради што сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица е затворен во двете насоки.